201 санкциониран возач во Скопје: 46 за брзо возење

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за непрописно престројување на возила, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест санкции за недавање првенство на мнување на пешаци, четири мерки за возач почетник… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Share This Article