More

    20 работи кои треба веднаш да исфрлите од дома, ако сакате да бидете поздрави

    spot_img

    Некои предмети сигурно повеќе не ви требаат, а сепак ги чувате.

    Не мора да ја фрлате старата кожена јакна која мајка ви ви ја подарила одамна, но некои работи што ги имате во домот, сепак, треба засекогаш да ги заборавите доколку сакате да го заштитите вашето здравје.

    1. Пластични садови за храна

    Проверете ја кујната и фрлете ги сите прибори кои не се направени од чиста, проѕирна пластика и содржат поликарбонати.

    – Таквите садови може да содржат БПА (супстанција што се користи за производство на тврда поликарбонатни пластични маси). Денес оваа супстанција се избегнува при производството на садови, но оние старите сè уште можат да ги содржат – вели Соња Лундер, аналитичарка на Environmental Working Group, која секогаш се залага за фрлање на старите предмети. Стаклените садови се секогаш подобар избор за чување на храната.

    2. Антибактериски сапун
    Можеби не ви паднало напамет, но овие сапуни можеби не се секогаш безбедни и може да содржат триклосан, активна состојка која се наоѓа во нив за која е докажано дека влијае на хормоналните промени кај животните, а постои и загриженост дека може да предизвика отпорност на антибиотици.

    3. Залиха на газирани пијалаци во лименка
    Ако сè уште не сте го направиле, можеби ќе сакате да размислите за консумирањето на овие пијалаци, особено ако сакате да ги изгубите вишокот килограми. Истражувањата покажаа дека ваквите пијалаци без калории и вештачки засладувачи можат да ја нарушат рамнотежата во цревата, што игра голема улога во зравјето на метаболизмот.

    4. Стари патики за трчање
    Повеќето патики за трчање треба да се фрлат откако во нив ќе поминете 400-500 километри, предупредува д-р Џејсон Карп, автор на книгата „Трчање за жени“. Имено, кога чевлите ќе се истрошат, тие веќе не се добра подлага за стапалото, па целиот товар се пренесува на мускулите, коските и тетивите, што значи дека постојат поголеми шанси за повреда. Можете да сметате на нивна замена на секои шест месеци или веднаш штом забележите дека подлогата (потплатките) се истрошиле.

    5. Мирисни освежувачи на воздухот
    Иако некои производители се фалат дека не користат штетни состојки, сепак, многу освежувачи за воздух и понтаму содржат хемикалии кои во големи дози можат да имаат негативни последици по здравјето на луѓето.

    „Овие производи се нешто како миризливи хемикалии кои ги прскате низ куќата“, вели Ландер, кој се залага за спречување на проблемите, а тоа е секогаш чиста куќа и ослободување од работите што предизвикуваат непријатен мирис.

    6. Четкичка за заби
    Ако го користите двапати на ден, како што треба, ќе се истроши многу пред вие тоа да го забележите. Исто така, важно е да се знае дека микробите и бактериите лесно може да се пренесат од четкичката за заби во вашата уста. Неправилно складирана четка може веднаш да се претвори во складиште на бактерии. За да спречите потенцијални болести, треба да ја одржувате четката за заби во „фит форма“.

    – Четкичките за заби кои се истрошени или излитени не можат ефикасно да го отстранат плакот, а тоа е клучно за одржување на здрави заби и непца – тврди стоматологот Себастијана Спринман за „Дејли прес“. По правило, треба да се менува на секои три до четири месеци.

    7. Стара облека
    Дали знаевте дека секојдневното „копање“ во плакарот пред работа или училиште доведува до вознемиреност? Ако сакате да го избегнете овој проблем, исчистете го плакарот од сите стари работи што не сте ги носеле најмалку една година. Веројатно во плакарот имате работи кои се преголеми или премали за вас и нема смисла да ги чувате. Ќе се чувствувате добро и ако ги донирате овие стари парчиња облека.

    8. Ослободете се од нередот
    Авторката на „Фрлете 50 работи“, Гејл Бланке, вели дека работите кои повеќе не служат за нашата цел ниту нѐ прават среќни треба да се фрлат бидејќи ќе не спречат да се фокусираме на работи кои се навистина важни за нас.

    9. Вишок храна
    Кога оброкот е готов, особено ако станува збор за месо, сите остатоци што немате намера да ги фрлите чувајте ги во садови и во фрижидер. Доколку ги фрлите остатоците во ѓубре, внимавајте корпата за отпадоци да има капак, советува д-р Мајкл Дојл, директор на Центарот за безбедност на храна. Има и бактерии кои можат да растат во храната и во голема мера да влијаат на вашето здравје.

    10. Стара маскара
    Течната козметика може да биде дом на бактерии, а експертите од Американската академија за офталмологија велат дека маскарата треба да се фрли три месеци по отворањето. Можеби е време да одвоите пари за тоа бидејќи може да се наталожат разни бактерии кои можат да предизвикаат црвенило на окото, инфекции, а ретко и слепило.

    11. Стара кутија за леќи
    „Употребата на стара кутија за леќи е еден од примарните фактори за развој на инфекција на очите, а на леќите се создава биофилм, кој е совршен дом за разни бактерии и нечистотии“, вели д-р Стејман, офталмолог, кој советува да ја менувате кутијата на секои неколку месеци, а покрај тоа и да внимавате редовно да ја чистите сами.

    12. Стари зачини
    Веројатно нема да ви биде лошо ако ги користите, но исто така нема да додадат никаков вкус на вашите јадења, поради што всушност и ги имаме. Бидејќи зачините денес се достапни и евтини, фрлете ги оние на кои им поминал рокот и набавете нови.

    13. Сјај за усни
    Што и да дојде во допир со усните, лесно ќе стане дом на многу бактерии, а колку подолго тие се задржуваат на влажни површини, толку полесно ќе се размножуваат, а вие на тој начин лесно ќе се заразите. Експертите советуваат да се ослободите од нив по неколку месеци.

    14. Кујнски сунѓер
    Студиите постојано укажуваат на опасностите кои демнат од кујнскиот сунѓер, а најчесто тука се разните бактерии. Експертите советуваат за миење садови да се користат крпи, кои по употреба може да се исперат заедно со остатокот од алиштата.

    15. Пластични даски за сечење
    Сечењето намирници на пластична даска сигурно ќе ја оштети нејзината површина, а штом бактериите ќе влезат во тие простори и ќе растат непречено, тешко е да се ослободите од нив. За да избегнете здравствени проблеми, експертите советуваат да набавите дрвена даска бидејќи тие содржат смола која има антимикробно дејство. Во превод, ако бактериите влезат во пукнатините на даската, наместо да се шират, тие ќе умрат.

    16. Прочистувач на воздухот
    Доколку го имате дома, тоа е добра одлука, но мора да внимавате редовно да го чистите. Алергиските реакции и астмата ќе се влошат ако куќата е полна со прашина и грини, така што добар систем за филтрирање на воздухот секогаш ќе помогне да се спречи тоа.

    17. Стари градници
    Доколку материјалот на градникот е лабав, тој нема да послужи за целта, па кога ќе забележите ваква промена најдобро е веднаш да си набавите нов.

    18. Стар крем со заштитен фактор
    До денес сите знаеме колку е важно да се заштити кожата со крем кој содржи заштитен фактор пред излегување на сонце, но хемикалиите кои се наоѓаат во нив со текот на времето престануваат да делуваат и нема да има корист од таквите креми, а ќе се зголеми ризикот на развој на кожни болести од кои некои се малигни.

    19. Мобилен телефон
    Не мора да ги фрлате, но тоа е можност да се спомене колку често користењето на мобилниот телефон е поврзано со депресија и развој на анксиозност, а неодамнешните студии истакнуваат дека ова е особено точно за оние кои поминуваат премногу време гледајќи во екранот. Повремено исклучете го и чувајте го во фиока за да му дадете малку одмор на мозокот. Одредете време од денот кога ќе го правите тоа и ќе уживате во некои други активности.

    20. Столови
    Во просек поминуваме седум часа дневно – на стол, а некои дури 15. Долготрајното седење ќе влијае на метаболизмот и може да придонесе за развој на дебелина, дијабетес, па дури и депресија. Одговорот на овој проблем можеби е повремено да станете и да работите на подигнат стол, но и да се посветите на некои активности кои ќе го „разбудат“ телото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img