Државниот пазарен инспекторат прекршочно казни 8 трговци на мало, кои треба да платат околу 20.000 евра, во повече од 60 надзори, спроведувајќи ја Одлуката на Владата за посебни услови за трговија на одделни стоки.
Одлуката на Владата има за цел да воведе построги правила за трговијата на одредени категории производи, со фокус на спречување нелегални активности, прекумерно зголемување на цените и непочитување на пазарните стандарди. Оваа одлука ги обврзува трговците на мало да ги почитуваат новите услови за продажба, кои вклучуваат регулирани цени, контроли на квалитетот и усогласување со прописите за заштита на потрошувачите.
Денеска, контролите се насочени кон бурекџилниците, малите маркети и останатите трговци на мало, со 47 тимови на терен, или вкупно 135 инспектори.
Инспекторатот нагласи дека нема да има толеранција, и дека сите трговци се обврзани да ја почитуваат Одлуката.