196 случаи на Ковид-19, починато е едно лице

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје инфрмира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 196 случаи на Ковид-19 од направени 2.067 тестови.

Од новите случаи, 105 се во Скопје, 30 во Битола, 13 во Прилеп, 11 во Охрид, седум во Куманово, по четворица во Штип и Виница, по тројца во Велес, Кичево, Струга и Гевгелија, по двајца во Кавадарци, Струмица и Ресен и по еден нов случај е регистриран во Гостивар, Кочани, Неготино и Свети Николе.

Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Кавадарци – 7, Битола – 5, Делчево – 3, Велес -2, Гостивар, Кичево, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Битола (81г), во болнички услови.

Досега во земјата направени се вкупно 1.969.035 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985.

Share This Article