36.000 НОВИ ПРИКЛУЧОЦИ ЗА ПАРНО ЌЕ ОВОЗМОЖИ НОВАТА ГАСНА ЦЕНТРАЛА

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Gas pipelines are pictured at the Atamanskaya compressor station, facility of Gazprom's Power Of Siberia project outside the far eastern town of Svobodny, in Amur region, Russia November 29, 2019. Picture taken November 29, 2019. REUTERS/Maxim Shemetov./File Photo

Покрај електрична енергија, стратешката инвестиција на меѓународната компанија „Митилинеос“ во новата зона што е дел од Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), „Енергија Скопје“, ќе произведува и топлина која што ќе биде доволна за да се загреат околу 36.000 домаќинства. Системот на парно во Скопје сега има 58-59.000 потрошувачи. Тоа значи дека во проширената топловодна мрежа ќе можат да се приклучат речиси 100.000 корисници.

– Потребата од топлинска енергија во Скопје во 2023 година беше 510 гигавати, а централата на „Митилинеос“ ќе произведува 275 гигавати. Имаме разлика која е израз на потребата за затоплување на домовите во Скопје. Со изградбата на оваа централа, таа потреба ќе биде задоволена, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија за дополнителни 36.000 домаќинства во главниот град – изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во еден од своите медиумски настапи.

Како земја што 30 отсто од своите енергетски потреби ги задоволува преку увоз, во Македонија се потребни сериозни вложувања во овој сектор со цел значително да се намали зависноста од флуктуациите на странските пазари. Во таа смисла, може да се очекува дека стратешките инвестиции во енергетиката значително би ја подобриле состојбата и со тоа би обезбедиле стабилно станбдување со струја за граѓаните и за стопанството.
Се проценува дека оваа стратешка инвестиција ќе ги создаде сите потребни услови за да се прошири топлификациската мрежа во Скопје и на граѓаните да им овозможи да не зависат од огревното дрво. Резултат од сето ова ќе биде значително подобрен квалитет на воздухот во главниот град.

Енергетската транзиција на Северна Македонија e стратешки приоритет од којшто најголема корист и придобивки ќе имаат граѓаните и економијата. Инвестициите, како оваа во когенеративната централа во новата зона „Енергија Скопје“, ќе придонесат и за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Во моментов, огромен број домаќинства користат огревно дрво за да ги затоплат домовите, а тоа има значаен придонес во обемот на ПМ-честички. Со новата централа граѓаните ќе можат да воведат нов начин на греење којшто е еколошки.

– Енергетиката не знае политика, познава само стратегија. Да заклучам: во овие две години имаме околу 600 мегавати инсталиран енергетски капацитет од обновливи извори, наспроти претходно околу 150 мегавати. Ние сме должни да направиме сѐ граѓаните да имаат струја и парно и да направиме сѐ за цените да бидат стабилни и сметките намалени – рече директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски во еден од своите разговори со медиумите.

Share This Article