19-годишната Јана Секуловска гостинка на „Џифони Македонија“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со прикажување на творбите создадени на креативните работилници организирани во изминатите 6 дена, вечерва во 19 часот во киното „Милениум“ ќе биде затворено 10 издание на Меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Шесте дена исполнети со филмска уметност, дискусии, разговори, полемики, многу забава, но и креација обединети под едно име, ќе бидат заокружени со видеорезиме и со изведба на сè она што на креативните работнилци се создаваше изминатите денови, но и од сите средби со режисери, актери и уметници, што го направија и ова издание на фестивалот за паметење за младите.
На последниот фестивалски ден гостинка на фестивалот ќе биде 19-годишната актерка од Швајцарија со македонско потекло – Јана Секуловска. Таа толкува една од главните улоги во филмот „Семи, Џо и јас“ во режија на Карин Хеберлајн, кој ќе биде прикажан во програмата за сениори во 13 часот во киното „Фросина“. Овој филм освоил неколку меѓународни награди, меѓу кои оние на Фестивалот за детски филм во Чикаго, во Цирих и во Шлингел, Германија. Прикажувањето на филмот „Семи, Џо и јас“ и гостувањето на актерката е поддржано и од Амбасадата на Швајцарија во земјава.

Во изминатите 6 дена 500 ученици од 11 до 19 години од 7 европски држави учествуваа на јубилејното издание на „Џифони Македонија“. Креативен младешки џагор ги запоседна Кинотеката и Младинскиот културен центар во Скопје.

Share This Article