More

    183 сообраќајни прекршоци во Скопје

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

    На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 44 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 15 санкции за возење без возачка дозвола.

    Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возач почетник, две мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 35 за непрописно паркирање.

    Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img