Нивес Целзијус на Инстаграм објави фотографија на која позира со свртен грб во градник, танга и халтери, а со сцената ги полуде следбениците.Секогаш провокативна Нивес Целзијус успеа да се надмине себеси со најновата објава на Инстаграм.
Таа позираше само во градник, танга и халтери и го сврте грбот кон фотоапаратот, па нејзината гола бујна позадина дојде до израз.
„Време е да си легнам“, напиша таа во описот на фотографијата која ги полуде нејзините следбеници.
„Инстаграм паѓа“, „Нивес, нечие срце ќе се скрши поради твоите објави“, „Многу секси“, „Немаш рамен“, се само дел од многуте коментари што ги доби, а фотографијата собра повеќе од 20.000 лајкови.
Таа на почетокот на неделава предизвика слични реакции кога на Инстаграм се пофали дека ја отворила сезоната за сончање на својата тераса, а на себе го носи само горниот дел од костимот за капење.