Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за нерегистрирани возила.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.