16 паднати дрвја, оштетени возила, кровови, откачени кабли од бандери

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот.

„За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности“, велат од ЦУК.

Оттаму информираат дека за сега билансот, според добиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3 кабли; откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и повредени 1.

Дел од пријавите се:

– Пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел на Локација: Булевар Свети Климент Охридски, 66, Скопје. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка.

– паднато големо дрво од непознат вид врз бандера со кабли од струја кои искрат во моментот во населба Сопиште. Нема материјални штети во моментот. Нема повредени лица.

– скинат кабел од бандера на улица Ѓорѓи Капчев

– 4 паднати дрва поради невремето, локација Воен базен на патот кон касарната.

– пријава за пожар од спој на жици од електрична енергија,гори сува трева и камион. Локација ДСМ- Ортопедика населба Карпош.

- Advertisement -
Ad image

– пријава за откачен лим од приватна куќа, постои опасност да падне и да повреди . Локација: Улица Јуриј Гагарин 4, Скопје, Козле

– добиена е пријава за навалено големо дрво каде претставува опасност да падне во паркот каде има малолетници. Локација: Улица Јуриј Гагарин 4,бр.55, Скопје

– за паднато дрво на улицата по која движат возила. Локација: Улица 12-та Македонска Бригада, Скопје

- Advertisement -
Ad image

– добиена е пријава за паднато дрво врз патничко моторно возило марка Сузуки. Локација: Булевар Видое Смилевски – Бато, Скопје

– пријава за паднат кабел од невремето во уличката кај влез на паркинг на УКИМ.

– пријава за дрво коешто е закачено до бандера со кабли од струја и за кое постои опасност да падне врз гаража во близина. Во моментот нема регистрирани материјални штети или повредени лица.

– пријава за неработење на семафори на дадената адреса, се создал голем метеж во сообраќајот. Локација: Булевар 3-та Македонска Бригада, 68, Скопје

– добиена е пријава за скршена липа и падната е на орев. Локација: Улица Душан Тасковиќ 42 Скопје.

Share This Article