154 лица беа уапсени како резултат на протестите во спомен на Навални

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Police officers detain a woman during a gathering in memory of Russian opposition leader Alexei Navalny near the Wall of Grief monument to the victims of political repressions in Moscow, Russia February 17, 2024. REUTERS/Stringer TPX IMAGES OF THE DAY

Минатиот викенд руските судови осудија најмалку 150 лица на затворски казни, кои беа приведени на митинзи во спомен на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Тие беа осудени на затворска казна до 14 дена поради кршење на строгата руска легислатива што ги регулира протестите.

Само во Санкт Петербург судиите осудиле 154 лица на затворски казни до 14 дена во саботата и неделата, според одлуките објавени од судовите во вториот по големина град во Русија, пренесува АФП.

Групите за човекови права и независните медиуми објавија неколку слични пресуди во други градови во Русија.

Викендов руската полиција приведе неколку стотици луѓе кои учествуваа на спонтани собири во спомен на Навални. Во Русија протестите во согласност со строгата легислатива во оваа област се забранети, а во минатото властите жестоко ги задушуваа собирите за поддршка на Навални. Исто така во петокот, московските власти објавија дека откриле онлајн повици за собири и ги предупредиле луѓето да не присуствуваат на нив.

Алексеј Навални, најистакнатиот критичар на Кремљ, почина во петокот додека отслужуваше 19-годишна затворска казна во затворска колонија на крајниот север на Русија. Многу западни лидери, како и руски клеветници, директно го обвинија Кремљ за неговата смрт, кој ги негира наводите.

Share This Article