Тажен ден за македонските старлети и македонската дијаспора, посебно од западниот дел на Македонија, во конвој заминаа супер луксузните возила, кои крстареа летово низ македонските патишта, посебно во туристичките места Охрид и Струга…
Денес на ГП Чафасан можеше да се забележат наменски теретни транспортни возила наменети за трабспорт на луксузни автомобили. На шлеперите можеше да се забележат луксузни возила од Ламборџини, Ферари, Барбуси и слични возила чија цена поединечна достигнува и до над 500.000 евра. Овие автомобили летово можеа секојдневно да се забележат низ турирстичките центри Охрид и Струга, каде чаламот на нивните шофери беше вклучен на најако, но на најако беа вклучени и оној тип на девојки кој се би дале да седнат во нив. Но дојде време кога ове возила мора да бидат вратени кај нивните сопственици во Швајцарија и Германија, од каде истите беа подигнати – изнајмени како Рента Кар возила.
https://www.youtube.com/shorts/l0IcVOBEbO4