More

    14 ВОЗОВИ ЗАГЛАВЕНИ ПОРАДИ ПОПЛАВЕН ТУНЕЛ КАЈ ЛОНДОН

    spot_img

    Најмалку 14 возови на „Еуростар“ денеска не сообраќаат меѓу градови во континентална Европа и Велика Британија поради затворањето на пругата во близина на Лондон, соопшти компанијата.

    „Поради инфраструктурен проблем на линијата за супербрзи возови во близина на Лондон, принудени сме да откажеме некои линии што поаѓаат од Лондон и чија дестинација е Лондон“, објави компанијата „Еуростар“ на својата веб-страница.
    Овие откажувања, кои се случуваат за време на еден од најпрометните викенди во годината, ќе заглават илјадници патници.

    Според британската новинска агенција PA, железничкиот сообраќај е во прекин поради поплавен тунел на југот на Англија. Линиите ќе бидат во прекин до крајот на денот бидејќи се очекуваат обилни врнежи.

    Патниците од возовите на „Еуростар“ на 21 декември се соочија со голем број откажани линии поради штрајкот што го парализираше тунелот под Ла Манш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img