Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 12 санкции за непочитување на брзината на движење, девет за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се четири мерки за возач почетник, три санкции за некористење на сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.