More

    12 амандмани повлечени, 3 прифатен, еден неприфатен

    spot_img

    Заврши седницата на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија на која денеска се расправаше по амандмани поднесени за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, што на предлог на Владата се носи по скратена постапка.

    На седницата, како што информира претседателот на Комисијата Владо Мисјаловски, се прифатени три амандмани, еден не е прифатен, 12 се повлечени, а пет се комисиски усвоени.

    На седницата присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    Со измените се предвидени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи.

    Измените и дополнувањата се за ублажување на последиците од енергетската криза, со кои граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја.

    Предложените измени предвидуваат, фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на сите субјекти потрошувачи – производители до 40 киловати.

    Новиот Закон предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img