More

    12 директори и експерти од воздухопловната авијација рекоа – доста е, ова не се трпи!

    spot_img

    Заменици на директори, началници, инструктори, експерти, раководители на сектори, 12 на број, вчера поднеле оставки на своите позиции во М-НАВ (Воздухопловна навигација), незадоволни од одлуките на тројцата директори за одолговлекување на испраќањето на школување во Данска на нови контролори на летање, кои веќе ги поминале сите тестирања.

    Тие велат дека ќе ги повлечат оставките само ако директорите веднаш не ја променат одлуката и не ги испратат осумтемина избрани на неопходната обука.

    Конкурсот на М-НАВ за прием на 8 нови контролори на летање распишан пред два месеца деновиве стана актуелен откако членовите на Комисијата за избор на кандидатите и Синдикатот на контролата на летање обвинија дека директорите го кочат завршувањето на конкурсот, бидејќи меѓу избраните не се и деца на функционери од ДУИ кои отпаднале уште во првиот круг на изборот.

    Синдикатите и вработени во М-НАВ обвинуваат дека директорите се мешале цело време во изборот на кандидатите.

    На конкурсот, како што велат, се јавиле 270 кандидати и првото ниво на тестот кој го спроведува данска компанија која го добила тендерот од М-НАВ, го поминале 140 кандидати, но директорите побарале листата да се прошири со уште 26 кандидати и наместо 140 да изнесува 166 лица.

    Според синдикатот и вработените во М-НАВ, на таа дополнителна листа биле имињата на деца на политичари, на директори и на функционери на ДУИ.

    И кога се стигнало до бројката од 12 одбрани, од кои 8 треба да се обучуваат оваа година, а останатите следната година, директорите ја побарале целата документација од данската фирма. Ова, според членовите на комисијата и Синдикатот, се оценува како желба за одолговлекување на постапката за да поминат 90 дена и да се поништи конкурсот што, како што велат, ќе го наруши угледот на земјава. Досега директорите имале повеќе од пет состаноци на кои не успеале да донесат одлука за отпочнување на школувањето.

    Од Синдикатот информираат дека тројца од осумте избрани кандидати се Албанци кои тестот го минале со највисоки оценки, но не се деца на некои функционери.

    Инаку, тестирањето и изборот на кандидатите го прави данска компанија која има и тренинг центар каде што новоизбраните кандидати требаше пред 7 дена да ја почнат четиримесечната обука.

    Плусинфо праша во М-НАВ за што всушност станува збор и ќе ги објавиме нивните одговори кога ќе ни бидат испратени.

    Да потсетиме дека „Еуроконтрол“ која е надлежна институција за цивилниот авиосообраќај, од пред 10 години воспостави унифициран систем на селекција, т.н. ФИСТ (FEAST) тестови, за прием на нови контролори во Европа. Во земјава овој систем се применува од 2018 година. Тестирањата според ФИСТ алатката ги вршат неколку сертифицирани европски центри. Тестирањето се врши на специјална веб-страница, пред компјутер, под контрола и на данските експерти (преку веб камери) и преку присутни членови на комисијата од М-НАВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img