Едно лице загина, а седум се повредени денеска при оружен напад на фестивал на отворено во американската држава Оклахома, на кој се одбележувал Денот на сеќавањето, соопштија локалните власти.
Во соопштението на истражното биро на Оклахома се наведува дека меѓу луѓето врз кои е отворен оган во близина на градот Тафт, имало и двајца малолетници.
На настанот по повод Денот на сеќавањето присуствувале околу 1.500 луѓе.
Засега нема информации за здравствената состојба на повредените.