More

    Папата приватно се сретна со 13 жртви и повика да се слушне нивниот крик

    spot_img

    Папата Франциск вчера приватно се сретна со 13 жртви на сексуална злоупотреба на свештениците во Португалија, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

    – Средбата се одржа „во атмосфера на интензивно слушање и траеше повеќе од еден час – рече Бруни.

    Жртвите беа придружувани од претставници на португалските црковни институции задолжени за програмите за заштита на децата.

    Папата Франциск кој е во посета на Лисабон го повика португалското свештенство да го „прифатат и слушнат болниот крик на жртвите“ на сексуалното злоставување во црквата.

    – Разочарувањето и гневот што некои го чувствуваат кон Црквата понекогаш е поради нашето лошо сведочење и скандалите што го оцрнија нејзиното лице – рече папата Франциск, обраќајќи се пред свештениците, ѓаконите и епископите собрани во манастирот Јеронимит.

    Според него, овие скандали „повикуваат на понизно и непрекинато чистење, поаѓајќи од болниот крик на жртвите кои секогаш треба да бидат прифатени и слушнати“.

    Извештајот нарачан од Португалската бискупска конференција и изготвен од комисија од независни експерти во февруари покажа дека најмалку 4.815 малолетници биле жртви на сексуална злоупотреба во црковните средини од 1950 година.

    Црковното раководство „систематски“ го прикрило злоставувањето, заклучиле експертите откако собрале повеќе од 500 изјави на сведоци во земја каде што 80 отсто од 10-те милиони жители се сметаат за католици.

    Црковната хиерархија побара прошка од жртвите и призна дека е неопходно да се „промени црковната култура“, а во едно истражување 68% од испитаниците изјавиле дека е нарушен угледот на Црквата.

    Во пресрет на пристигнувањето на папата во Лисабон, група за помош на жртвите постави три големи билборди во градот со порака дека „Католичката црква во Португалија злоставувала повеќе од 4.800 деца“.

    Залагајќи се за „нулта толеранција“ кон сексуалното злоставување, Папата неколку пати се сретна со жртвите и формираше советодавна Комисија за заштита на малолетниците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img