SpaceX тестираше уште една ракета Starship, но овој пат не успеа да го врати ракетниот засилувач на Земјата користејќи џиновски роботски раце.
Вчерашното лансирање од Тексас го следеа новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и милијардерот сопственик на компанијата SpaceX Илон Маск, чија значајна поддршка републиканскиот кандидат ја имаше во претседателската кампања.
Овој комплексен маневар, кој треба да ја направи ракетата повторно употреблива, сепак беше успешен за време на претходниот пробен лет минатиот месец.
Не беа исполнети сите критериуми за фаќање на засилувачот и директорот на летот не издал команда да се врати на местото на лансирање, изјави синоќа портпаролот на SpaceX.
Ракетниот засилувач Super Heavy падна во Мексиканскиот залив, а ракетата Starship падна во Индискиот Океан откако орбитираше околу Земјата.
Илон Маск очекува дека ракетата Starship ќе превезува луѓе на Месечината и Марс во име на американската аеронаутичка администрација НАСА. Со цел да се намалат трошоците, ракетата е дизајнирана така што може контролирано да слета на Земјата и повторно да се користи.