Ѕвездата на серијата „Тед Ласо“, британката Хана Вадингам ќе биде домаќин на годинашниот избор за песна на „Евровизија“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ѕвездата на серијата „Тед Ласо“, британката Хана Вадингам ќе биде домаќин на годинашниот избор за песна на „Евровизија“, заедно со пејачката Алеша Диксон и украинската пејачка Јулија Санина.

Ова водителско трио ќе биде на екраните на полуфиналните вечери на 9 и 11 мај, а за големото финале коешто ќе се одржи на 13 мај, ќе им се придружи и глумецот и водител Грејм Нортон. Повеќе од 160 милиони луѓе ширум светот се очекува да го следат натпреварот.

Добитничката на „Еми“, Хана Вадингам, изјави дека е почестена.

– Тоа е еден од најголемите светски музички фестивали. Но, оваа година честа е уште поголема, бидејќи ќе застанам рамо до рамо со Украина, земја која опстојува со помош на огромната сила и единство – рече глумицата.

На минатогодишниот натпревар победија претставниците на Украина, групата „Калуш“. Но, поради воената состојба во земјата, одлучено е „Евровизија“ оваа година да се одржи во Ливерпул, Велика Британија. Британскиот претставник Сем Рајдер лани заврши на второто место на „Евросонг“ во Торино, Италија.

Share This Article