Полицијата во Мадрид го приведе играчот од средниот ред на Португалија и Манчестер Сити, Махтеус Нунес бидејќи украл телефон на една личност во ноќен клуб во шпанската престолнина.
Тој бил приведен од двајца полицајци. Нему му е одреден повеќечасовен притвор, а откако дал изјава е пуштен на слобода.
Наводно Нунес му го одзел телефонот на лицето кое го фотографирало во бањата. Се се случи на почетокот на септември и португалскиот фудбалер сега го чека судење.
Тој минатата година пристигна во Манчестер Сити во трансфер вреден 62 милиони евра од Вулверхемптон. Тој зема плата од осум милиони евра годишно.
Португалецот во вторникот вечерта стартуваше во победата од 4-0 против Слован Братислава во Лигата на шампионите. Ги одигра сите 90 минути.