More

    Ѕвездата на филмот „Барби“ Марго Роби и нејзиниот сопруг Том Акерли вљубени до уши не можеа да ги тргнат рацете еден од друг на Вимблдон

    spot_img

    Ѕвездата на филмот „Барби“ Марго Роби и нејзиниот сопруг Том Акерли вљубени до уши не можеа да ги тргнат рацете еден од друг на Вимблдон!

    Двојката, која го чека своето прво бебе, беа насмеани, се бакнуваа и се држеа за раце додека присуствуваа на 12-тиот ден од тенискиот турнир Вимблдон во Лондон на 12 јули.

    Роби (34) која за првпат се појави во јавноста откако светот дозна дека е бремена, докажа дека знае да се облекува и во брмееноста. Убавата актерка изгледаше елегантно во црно-бел фустан со точки.

    Фустанот имаше ракав налик на шал и асиметричен долен дел. Со аутфитот таа искомбинира црно-бела чанта и носеше црни чевли со високи потпетици и отвор на прстите, истакнува магазинот „Пипл“.

    Роби го комплетирала изгледот со пар правоаголни очила за сонце, а нејзината руса коса била благо свиткана.

    Идниот татко Том Акерли (34) облекол панталони во боја на лосос и маичка во крем нијанса. Изгледот го комплетирал со бели патики и очила за сонце, а преку раката носел палто во неутрална нијанса.

    Двојката подоцна беше забележана како се бакнува додека го гледаа првото полуфинале на денот помеѓу Карлос Алкараз и Данило Медведев.

     

    Потсетуваме, минатата недела како експлозија одекна веста дека актерката е бремена. Повеќе извори потврдија за People дека Марго Роби е бремена и го чека своето прво бебе со својот сопруг.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img