More

    Ѕвездата на „Досон Крик“ во тишина се борел со тешката болест

    spot_img

    На Џејмс Ван Дер Бик, поранешна ѕвезда на серијата „Досон Крик“ („Dawson’s Creek“), му бил дијагностициран рак на дебелото црево, пишува „Пипл“.

    „Имам рак на дебелото црево. Со оваа дијагноза се справував приватно и правам сè за да оздравам, со поддршка од моето неверојатно семејство“, изјави 47-годишниот актер за американскиот магазин. „Се чувствувам добро и имам причина да бидам оптимист“, додаде тој. И покрај дијагнозата, Ван Дер Бик во последно време и работел.

    Неодамна се појавил во една епизода на „Вокер“, а наскоро треба да излезе и филмот „Sidelined: The QB and Me“, во кој тој глуми. Во декември, би требало да се појави во „The Real Full Monty“, двочасовна специјална програма во која група познати мажи се соблекуваат за да ја подигнат свеста за тестирање и истражување за рак на простата, тестисите и дебелото црево.

    Целото слободно време го поминува со сопругата Кимберли Ван Дер Бик и нивните шест деца: Оливија, Џошуа, Анабел, Емилија, Гвендолин и Џеремаја.

    Џејмс Ван Дер Бик е најпознат по неговата улога како Досон Лири во хит тинејџерската серија „Dawson’s Creek“ (1998–2003), која му донесе меѓународна слава.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img