Зверев: Најлошиот момент во животот го доживеав во Акапулко

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот тенисер Александар Зверев изјави дека во Акапулко ја направил најголемата грешка во кариерата, бидејќи во напад на бес со рекет удрил во судиското столче.

Третиот тенисер во светот поради тој инцидент беше суспендиран од турнирот во Мексико, потоа беше казнет со 40.000 долари, а доколку се повтори сличен испад во следните 12 месеци, ќе биде суспендиран на осум недели.

Сè уште се срамам“, рече Зверев.

“Не ми е удобно во соблекувалната. Но, сите грешиме, јас сум човек. Можам да гарантирам дека никогаш повеќе нема да се однесувам така. Тоа беше најлошиот момент во мојот живот”.

Германецот го навреди судијата Алесандро Германи, пред неколку пати со рекет да го удри неговото столче.

„Во животот на секого има стресни ситуации, се случуваат такви работи. Ниту сум првиот, ниту последен што направил нешто лошо на теренот. Знам кој сум како личност и знам дека тоа не ме одредува. Давам се од себе кога сум на теренот. Никогаш не би повредил физички некого“.

Зверева очекува да учествува на мастерсот во Индијан Велс

Share This Article