Зовреа односите на Република Српска со ЕУ и САД

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вистинска војна со зборови се случува меѓу претседателот на Република Српска Милорад Додик и Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит. Откако Додик се закани дека ќе го уапси Шмит доколку стапне на тероторијата на Република Српска, Шмит изјави дека сепак ќе допатува во Бања Лука и дека Додик нема ниту овластувања ниту авторитет да нареди негово апсење.

– Јас сум заштитен со Виенската дипломатска конвенција и затоа уживам имунитет. И покрај тоа, Додик не би имал овластување да ме уапси или да нареди мое апсење, бидејќи нема овластување да дава инструкции на полицијата. Обвинителството прво би требало да го разјасни тоа – изјави Шмит во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг, кое го пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Коментирајќи ги најавите на Додик, Шмит рече дека планира да ја посети Република Српска во наредниве денови.

– Всушност, имам состаноци таму во следните неколку денови и недели, особено во Бања Лука, но и во други градови. Јас останувам на тоа и му препорачувам на Додик повеќе да не ја турка својата себична глупост – изјави Шмит.

Според него, Додик не ѝ носи ништо добро на Република Српска.

– Тогаш неговите поддржувачи ќе разберат дека тој не го прави секогаш она што го кажува и дека не ѝ носи ништо добро на својата земја – рече високиот претставник во БиХ.

Шмит додаде дека Додик веќе се обидел да го пријави во Република Српска, а „паметното јавно обвинителство во Бања Лука“, како мерка на претпазливост, веднаш оваа постапка ја препратило до Државното обвинителство во Сараево, од кое, како што рече, ништо повеќе не слушнал.

– Последно, но не и најмалку важно, однесувањето на Додик е шлаканица за ЕУ, која се обидува да го подобри владеењето на правото во Босна и Херцеговина. Во заблуда е ако мисли дека за него има посебни права или посебни прописи – посочи тој.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина истакна дека Додик „треба да се подготви за некои прилично непријатни моменти“.

- Advertisement -
Ad image

Коментирајќи ја можноста за замена на Додик, Шмит рече дека размислувањата за ова не се презентирани однапред, додавајќи дека Обвинителството на Босна и Херцеговина веќе води истрага против Додик.

– Ќе видиме како меѓународната заедница ќе се справи со некој кој со своите постапки масовно го торпедира европскиот пат на Босна и Херцеговина, а во исто време се однесува како близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин – заклучи тој.

Претходно Амбасадата на САД во Сараево соопшти дека заканата на Додик дека ќе го спречи високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ да влезе на територијата на РС, е неуставна.

- Advertisement -
Ad image

„Ова претставува уште еден намерен напад на господинот Додик врз Дејтонскиот мировен договор, врз уставниот поредок на БиХ и државата БиХ“ – соопшти Амбасада на САД на социјалната мрежа Х.

Амбасадата на САД наведува дека Шмит е одговорен за надзор на спроведувањето на цивилните аспекти од Дејтонскиот мировен договор, кој ги обврзува официјалните лица да соработуваат со него, а тој ужива дипломатски статус во цела БиХ според Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Непромислените закани на Додик и налудничавите тврдења за статусот и овластувањата на високиот претставник се неприфатливи и претставуваат уште еден чекор на опасниот пат, што тој го избра кон изолација. САД целосно го поддржуваат високиот претставник и неговите овластувањата и ќе продолжат да ги сметаат за одговорни поединците со антидејтонско однесување“ – се посочува во соопштението на Американската амбасада.

Share This Article