More

    Зошто жените се поподложни на топлотен удар од мажите

    spot_img

    Жените би можеле да бидат поранливи од мажите на екстремните температури кои деновиве се бележат во Европа, сметаат експертите.

    Во Планот за топлотен удар објавен деновиве во Англија, се наведува дека меѓу ризичните групи, покрај постарите од 75 години, бебињата и малите деца, лицата со тешки физички и психички заболувања, спаѓаат и жените.
    Планот не објаснува зошто жените се на списокот, но британската агенција за здравствена безбедност цитира студија спроведена во Холандија, која ја разгледа стапката на смртност по топлотните бранови и откри дека постарите жени имаат поголем ризик од смрт од мажите. Истражувачите наведуваат дека резултатите не можат да се припишат само на возраста, пренесува британски Гардијан.

    „Кога ја земавме предвид еднаквата возраст, стапките на смртност кај жените сè уште беа 15 отсто повисоки“, напиша тимот во анализата на податоците од топлотниот бран во 2003 година што ја погоди Франција.

    Друга студија, направена од истражувачи од Германија и Холандија, ги разгледа 23-годишните податоци за температурата од Холандија заедно со податоците за стапката на смртност. Тие откриле и разлики меѓу жените и мажите.

    „Смртноста поврзана со топлина е почеста кај жените отколку кај мажите, особено кај најстарата возрасна група (над 80 години) изложена на екстремна топлина“, објаснуваат научниците од студијата.

    Се чини дека ова не се објаснува со фактот дека постарите луѓе се поподложни на топлина и дека жените генерално живеат до постара возраст од мажите, додаваат тие.

    Според авторот на студијата Хајн Даанен, професор по физиологија на Универзитетот во Амстердам, тимот шпекулирал дека помалото производство на пот кај жените во однос на мажите може да игра улога.

    „Грубо, постарите луѓе се потат половина повеќе од младите, а жените се потат половина од мажите“, вели Даанен. Со други зборови, се вели во студијата, „способноста на постарите жени да ја регулираат телесната температура преку потење е најниска од сите групи“.

    Тимот исто така наведува дека стресот на кој е изложен кардиоваскуларниот систем на топлина може да биде одговорен за поголема смртност.

    „Кардиоваскуларниот стрес е поголем кај жените, што потенцијално ја објаснува нивната повисока стапка на смртност на повисоки температури“, напишаа истражувачите.

    Друга можност, додаваат тие, е дека постарите жени имаат поголема веројатност да живеат сами, познат ризик фактор за топлотни бранови, и генерално се помалку активни од мажите, иако се поактивни во домаќинството.

    „Жените кои се помалку фит и продолжуваат да се занимаваат со домашна работа за време на топлотните бранови се изложени на поголем ризик од прегревање од мажите, што предизвикува стрес на нивниот кардиоваскуларен систем“, напишаа истражувачите.

    Оли Џеј, професор на Универзитетот во Сиднеј, исто така наведува дека студиите покажале дека максималната стапка на пот кај младите здрави жени е помала отколку кај нивните машки врсници.

    „Сè уште не знаеме дали тоа е причината за повисоките стапки на смртност кај жените за време на топлотните бранови. Нејасно е дали постои корелација помеѓу полот и возраста“, објаснува Џеј.

    Мајк Типтон, професор по физиологија на Универзитетот во Портсмут, вели дека жените можеби се поранливи бидејќи имаат повисока телесна температура по овулацијата и често се помали од мажите. Затоа, тие имаат поголем сооднос на масата со површината на телото, што значи дека побрзо се загреваат.

    Сепак, „најверојатниот одговор е дека тоа е комбинација на фактори и треба да направиме повеќе истражувања за да разбереме што се случува“, вели Џеј.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img