Зошто старите мотори ѝ пркосеа на смртта, а денешните не можат ни да остарат?

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Постојат автомобили кои по законските граници преминуваат десетици, па и стотици илјади километри – но само неколку од нив се издвоија со неверојатни достигнувања во бројката на километри. Во оваа статија откриваме кои автомобили формираат елитен клуб на возила што го победија времето, најчесто благодарение на својот сопственик и совршена поддршка.

1. Ирвинг Гордон: 1966 Volvo 1800S

Ирвинг сè уште го држи Гинисовиот светски рекорд за најмногу поминати километри со личен автомобил – над 3.000.000 милји, односно 4.828.020 километри!

Гордон проценувал дека вози над 160.000 км годишно, посетувајќи авто-шоуа, а најдолгото негово патување било од Њујорк до Ванкувер, Канада. Во интервју за списанието „Популар мекеникс“, рекол дека менува масло на секои 4.800–5.600 км, а трансмисионо масло на секои 40.000 км, пишува Еверленс.

Неверојатен факт: неговата оригинална спојка (механички менувач) траела цели 450.000 милји, односно 724.203 километри, додека просечно трае само околу 80.000 милји.

Дали Волво направил неуништлив автомобил во 1966 година или Ирвинг бил толку нежен кон автомобилот? Вистината веројатно е некаде помеѓу – но без сомнеж, ова е импресивно достигнување.

2. Mercedes-Benz 240 D (W115, 1976) – дизел симбол на издржливост

Овој автомобил поминал над 4,6 милиони километри, односно 2.850.000 милји. Грчкиот таксист Григорис Сахинидис, кој го купи во 1981 година, со веќе поминати 220.000 километри, го користеше целосно како такси, вклучувајќи меѓународни патувања, сè до 2004 година – кога со близу 4.6 милиони километри, овој автомобил е дониран во Mercedes-Benz Museum во Штутгарт како „најиздржлив мерцедес дотогаш“.

Автомобилот патувал дури и низ воени подрачја (Србија) и бил импресивно одржуван – вклучувајќи редовни промени на мотори (11 дополнителни агрегати) – што ја потврдува неговата доверливост и долг животен век, се наведува во текстот на Еверленс.

Исто така, и покрај неколкуте реставрации и менување на мотори, оваа W115 се смета за најиздржливо произведениот модел од брендот.

3. 1979 Volvo 245 GL – автомобил на финска компанија

Овој автомобил припаѓал на финската логистичка компанија S.E. Mäkinen, која наводно го одржувала само со „нормална грижа“. Поминал 1.630.000 милји, односно 2.623.224 километри, главно како дел од флота.

- Advertisement -
Ad image

Иако нема многу детали, неговата издржливост е уште еден доказ за квалитетот на старите модели на Волво.

4. Жозеф Вајанкур: 1963 Plymouth Fury – несреќа на патот за Гинис

Како таксист во Монтреал, Вајанкур достигнал 1.620.000 милји, односно 2.607.131 километар, до 1999 година, речиси доволно за светски рекорд.

Но, несреќа ставила крај на неговите планови – камион поминал на црвено и го удрил автомобилот. Тој останал неповреден, но пропаднала неговата шанса за Гинисов рекорд.

- Advertisement -
Ad image

5. Алберт Клајн: 1963 Volkswagen Beetle – упорноста е важна

Алберт од Калифорнија купил нов автомобил „буба“ за 1.900 долари во 1963 и поминал 1.610.000 милји, односно 2.591.037 километри, за 24 години.

Но, за разлика од другите, овој автомобил барал многу замени: 7 нови мотори, 3 нови менувачи, 150 гуми, над 35.600 галони бензин, 38.000 долари за одржување.

Овој подвиг е повеќе доказ за упорноста на сопственикот, одошто за квалитетот на автомобилот.

6. Чет Белисл: 1983 Lincoln Town Car

Во 2009 година, Си-Ен-Ен направи прилог за неговиот „линколн“ со поминати 1.300.000 милји, односно 2.092.142 километри. Без поголеми поправки, само со редовно одржување.

Чет не возел професионално – едноставно сакал да вози и постојано патувал низ САД од неговиот дом во Канзас.

7. Френк Оресник: 1991 Chevrolet Silverado – „старата девојка“

Френк доставувал месо и морска храна од Green Bay до Чикаго речиси секој ден. Го купил камионот со поминати 41.000 милји во 1996 година, а подоцна достигнал 1.290.000 милји, односно 2.076.049 километри.

Го нарекувал „стара девојка“ и го возел и понатаму, дури и по тоа достигнување.

8. Семејството Клопот: 1966 Mercedes-Benz 250SE

Во 2014 година, семејството, што го поседувало овој „мерцедес“ уште од 1966 година, достигнало 1.200.000 милји, односно 1.931.208 километри.

Првиот сопственик сам поминал 877.000 милји, односно 1.411.391 километар.

По неговата смрт, семејството додало уште 300.000 милји, односно 482.802 километри.

Клучни поправки на возилото: 2 ремонта на долен дел од мотор, 4 ремонти на горен дел, 2 реконструкции на менувач.

Автомобилот и ден денеска се вози секојдневно.

9. Хју и Тами Пенигтон: 2006 Chevrolet Silverado 3500

Овој „шевролет“ поминал 1.000.000 милји, односно 1.609.340 километри, за 6 години! И тоа без сериозни поправки – само со редовна промена на масло.

Неверојатен подвиг за едно дизел возило, што покажува дека новите модели „силверадо“ имаат сериозен потенцијал.

10. Фил Марсела: 2006 Ford F-250

Фил, кој возел за да оди на работа, достигнал 1.200.000 милји, односно 1.931.208 километри, за 5 години – но му биле потребни 2 нови мотори.

Иако не е „лично возење“ во класичната смисла, бројките се фасцинантни. Се претпоставува дека денеска можеби надминал 2 милиони милји (над 3,2 милиони километри).

Долгорочно патување – зошто успеваат овие автомобили?

Класичните мотори, особено дизел агрегатите од 1970-те и 1980-те, биле создадени за издржливост, не за перформанси. Тие биле целосно механички, со минимална или без никаква електроника, што значи дека имаа многу помалку компоненти што можат да откажат. За разлика од денешните мотори со турбополначи, сензори, електронски вентил-менаџмент и со сложени ECU системи, овие агрегати користеле едноставни горивни пумпи и директно вбризгување, без компјутерска интервенција.

Блоковите на моторите биле од челик или од леано железо, а не од алуминиум, што овозможувало подебели ѕидови и подобра отпорност на термални и механички стресови.

Дополнително, дизел моторите имаат и физички предности во однос на бензинците – како што се подебели цилиндрични облоги, појак клучен склоп, a и побавно согорување, што значи помалку абење на деловите. Воедно, тие работат на пониски вртежи, што го намалува заморот на материјалите со текот на времето. Овие фактори прават дизел моторите да траат два до трипати подолго од типичните бензински мотори, дури и во тешки услови на користење, aнализира Capital Reman Exchange.

Одржувањето е подеднакво важно

Одржувањето било подеднакво важно како и самата конструкција. Сопствениците на овие автомобили – како Ирв Гордон, кој го сервисирал својот Volvo 1800S по фабричка препорака дури и на 4.800 километри, или Григорис Сахинидис, кој сменил дури 11 мотори – покажуваат колку дисциплината и љубовта кон машината го продолжуваат нејзиниот животен век.

Постои и психолошка димензија. Возењето за овие луѓе не било само начин да стигнат од точка А до точка Б, туку стил на живот, обврска и задоволство. Истражувања покажуваат дека кога возачот има емотивна врска со возилото, тој е посклон да вложува, внимава и да реагира навреме на знаците на абење, што резултира со значително подолг век на употреба.

На крајот, токму оваа комбинација – механичка робусност, правилно одржување и љубов кон автомобилот – ја формира формулата за долгорочна издржливост што поретко се гледа денес.

Share This Article