Ако во последно време станувате на левата нога, не сте сами. Сите имаме денови кога се будиме во лошо расположение или кога се чувствуваме чудно и не можеме да се ослободиме од тоа чувство.
Додека депресијата, стресот, премногу алкохолни пијалоци и промените во годишните времиња може да доведат до негативна состојба на умот по будењето, недостатокот на сон е најверојатно одговорен за лошото расположение, а последиците можат да бидат далекусежни, пишува zadovoljna. .rs.
„Основните перцепции за светот суптилно се менуваат кога сте премногу уморни“, вели Пенелопе Луис, авторка на „Тајниот свет на соништата“.
Се влошува чувствителноста на мирис и се намалува можноста да се забележат кисели вкусови. Има и суптилни проблеми со слухот и видот, пренесува Ultra.ba.
Доказите сугерираат дека заморот може да не наведе да го гледаме светот низ негативен филтер. На пример, голема е веројатноста нечиј неутрален израз на лицето да го толкуваме како негативен, а тешко дека ќе бидеме расположени за хумор во состојба на замор.
Не е јасно зошто тоа се случува, но една студија сугерира дека одредена област на предниот лобус, која обично ги филтрира негативните чувства, е оневозможена поради недостаток на сон.
И додека станувањето на левата нога е сосема нормално од време на време, постојат и неколку животни навики кои драматично влијаат на сонот и придонесуваат за негативно расположение.
Јадете храна која промовира добар сон
Експертите се согласуваат дека она што го јадеме навечер, не само што влијае на тоа како спиеме, туку и на тоа како ќе се чувствуваме следниот ден. Лошото расположение веднаш по будењето може да биде поврзано со исхраната и предизвикано од ниското ниво на шеќер, па затоа внимавајте што јадете пред спиење.
Ако за вечера јадете нешто со премногу шеќер, како чоколадо, бисквити, алкохол или храна богата со рафинирани јаглехидрати, како леб, пица, тестенини итн., ќе легнете сити, но во текот на ноќта би високо ниво на шеќер во крвта може драстично да се намали.
Се препорачува вечера приближно три часа пред спиење и храна која содржи баланс на протеини и јаглехидрати, како мисирка, туна, банани, компири, интегрален леб и путер од кикирики. Сепак, храната која ја содржи аминокиселината тирамин лошо влијае на сонот и треба да ја избегнувате навечер, а тука спаѓаат чадената риба, пиперките, сирењето.
Одржувајте го нивото на магнезиум
Може да имате проблем да заспиете ако се чувствувате вознемирени или напнати. Ова може да укаже на недостаток на магнезиум, есенцијален минерал чие ниво многу лесно паѓа поради стресот.
Магнезиумот може да се најде во темнозелениот зеленчук, па затоа е важно да го јадете секој ден.
Грижете се за вашиот црн дроб
Во традиционалната кинеска медицина, црниот дроб е седиште на гневот.
Значи, ако сте пиеле претходната вечер, без разлика дали е умерено или прекумерно, црниот дроб ќе биде под стрес и тоа ќе влијае на неговата способност да го детоксицира телото, а сонот ќе ви биде компромитиран.
Не го прескокнувајте појадокот
Дали секогаш појадувате за да го започнете денот со насмевка? Експертите за спиење Нерина Рамлахан и Џеки Линч се согласуваат дека појадокот веднаш по будењето е клучот за подигнување на вашето расположение.
Не заборавајте да избегнувате рафинирани јаглехидрати, како што се кроасани, мафини и зашеќерени житарки, кои ќе го зголемат нивото на шеќер кој нагло ќе падне и ќе доведе до слаба енергија и лошо расположение.
Протеините се клучна храна за појадок. Затоа секогаш одлучете се за пржени јајца, јогурт, авокадо, варени јајца, тост од интегрален леб и цели зрна со јогурт.