Зошто родителите во Јапонија не туркаат колички, туку ги носат децата во „кенгур“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Јапонија е сосема вообичаено да се видат мајки како ги носат своите бебиња во носачи.

Всушност, многу е веројатно четири од пет жени што ќе ги сретнете да го практикуваат. Зошто?

Носењето бебиња е стара традиција

Низ историјата, бебињата биле носени со „онбухимо“, што во превод значи „појас за носење на грб“, пишува Index.hr.

Станува збор за носач направен од мека ткаенина, која им била прилично удобна за жените кои со себе на оризовите полиња морале да носат бебиња и мали деца.

Ваквиот начин на носење бил најсоодветен за да можат да внимаваат на децата додека работеле.

Физичката врска помеѓу мајките и бебињата е многу важна

Врската помеѓу јапонските мајки и нивните бебиња е многу силна бидејќи тие многу го ценат физичкиот контакт.

Од мали нозе ги вклучуваат своите деца во активности и не ја пропуштаат можноста да бидат физички блиску до нив. Бебињата кои се носат се порелаксирани. Според студијата спроведена во Јапонија на 12 здрави бебиња, откриено е дека бебињата кои се носат се поопуштени и имаат побавно отчукување на срцето.

- Advertisement -
Ad image

Истата студија покажа дека бебињата чии мајки ги носат на прошетка се поопуштени и помирни од бебињата кои седат во колички за време на прошетката, без разлика на возраста на мајката или брзината на одење.

Носењето бебе е поудобно кога користите јавен превоз

Бидејќи голем број Јапонци користат јавен превоз, мајките кои би сакале да се движат низ Токио или други градови со автобус, метро или воз бараат погодно решение.

- Advertisement -
Ad image

Тие претпочитаат да ги носат своите бебиња во носач или прашка наместо во количка бидејќи на тој начин не мора да се грижат дали тркалата ќе им се заглават при влегување и излегување од возилото.

Share This Article