Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во реката Сена.
– Митот за кока-кола е вистинит. Честопати ја пиеме по пливањето, само за да се обидеме да се испразниме од што и да е во нас – изјави Џонсон за Индипендент.
На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по натпреварување во триатлон на Игрите во Париз. Поради ова, белгискиот тим беше принуден да се повлече од мешаната штафета.
И покрај тоа што француските власти потрошија 1,5 милијарди долари за подобрување на инфраструктурата пред натпреварите, вклучително и за прочистување на Сена, проблемите опстојуваат.
За денес на Олимпијадата се закажани трки на отворени води, во Сена на 10 км. во женската конкуренција.