More

    Зошто фановите на Тејлор Свифт ѝ се гневни?

    spot_img

    Светската ѕвезда Тејлор Свифт мораше да откаже три концерти во Виена минатата недела поради терористички закани. Оттогаш, таа не објавила ништо на социјалните мрежи, ниту некој ја видел во јавноста.

    Сепак, во понеделникот вечерта пејачката беше фотографирана пред еден клуб во Лондон каде приреди приватна забава за својот тим.

    На Инстаграм профилот на „Deuxmoi“ се појавија нејзини фотографии пред клубот каде што позира во интересно издание.

    Иако многумина беа среќни што конечно ја видоа својата омилена пејачка, илјадници разочарани обожаватели се јавија и го критикуваа фактот што таа сѐ уште не ги објавила откажаните концерти и објавила нови датуми за нив. Некои коментираа дека веруваат дека пејачката „чека да заврши истрагата“ и дека само ги следела упатствата што ѝ биле дадени. Меѓутоа, други не се согласија и ја споредија ситуацијата со концертот на пејачката Аријана Гранде во Манчестер во 2017 година, каде што се случи терористички напад.

    „Аријана можеше да зборува за Манчестер истиот ден кога тоа се случи“, гласи еден коментар.

    „Аријана веднаш ја коментираше ситуацијата. Тејлор не мора да зборува за потенцијалниот напад, но би можела да покаже емпатија за своите фанови во Виена. Да се ​​прави забава со папараци е сатирично”, пишува во друг коментар.

    „Што е со 170.000 фанови кои потрошија пари на вашиот концерт во Виена? Ни збор?“, „Од суперѕвезда на годината до најголемо разочарување на годината“, напишаа други.

    За потсетување, полицијата минатата недела објави дека уапсила неколку тинејџери во врска со наводни терористички закани во Виена. Главниот осомничен за планирање на нападот наводно имал намера со својот автомобил да втурне во толпата со цел да убие што повеќе луѓе. За нападот имале намера да употребат и експлозивни направи и ладно оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img