Зошто болат зглобовите и коските кога врне?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Температурите се повеќе опаѓаат, а тоа за некои луѓе значи и здравствени проблеми. Освен што се предизвикувач за настинки, атмосферските промени кај дел од популацијата ја влошуваат болката во зглобовите и коските. На лекарите сè уште не им е сосема јасно зошто се случува ова.

Постои можност температурните промени поврзани со врнежите да генерираат промени во обвивката на сврзното ткиво наречена ‘рбет.

Според медицинскиот советник Лин Постон, „кога мускулите и зглобовите се ладат, течноста околу зглобовите и тетивите се згуснува, предизвикувајќи да се чувствуваме вкочанети“.

Друга теорија е дека болката е последица на падот на атмосферскиот притисок кој се јавува кога се зголемува влажноста во воздухот.

Во последниве години, неколку студии укажаа дека факторите од надворешното опкружување влијаат на појавата на болки во зглобовите, но истражувачите од Харвард ја отфрлија таа поврзаност, пренесува Index.hr.

Сепак, таа останува тема која го буди интересот на научниците до тој степен што постои посебна наука која се занимава со тоа, наречена медицинска биометеорологија.

Share This Article