Зоран Марјановиќ виновен за убиството на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Зоран Марјановиќ, кој беше обвинет за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ, е прогласен за виновен.
Да потсетиме, обвинителството во завршниот збор побара тој да биде осуден на 40 години затвор и веднаш да му се одреди притвор. Пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ беше брутално убиена на 2 април 2016 година на насип во населбата Црвенка во Борча, каде дошла да трча со сопругот Зоран и ќерката Јана. Како што кажа тогаш Зоран, тој и Јана полека оделе зад Јелена на насипот покрај Дунав, а таа џогирала пред нив. Тогаш Марјановиќ повикал полиција и пријавил дека неговата сопруга исчезнала. Телото на несреќната жена било пронајдено следниот ден, во канал во Црвенка.
Share This Article