Познатиот ракометен тренер Зоран Кастратовиќ е именуван за нов селектор на селекцијата на Саудиска Арабија.
Кастратовиќ кој изминава сезона во оваа земја го водеше тимот на Ал Мудар, со кого стигна до вицешампионската титула, сега ќе ја преземе селекторската функција.
57-годишниот Кастратовиќ е поранешен селектор на Црна Гора а ја водеше и македонската женска ракометна репрезентација. Претходно во кариерата работеше во македонските клубови Вардар, Металург и Пролет, а исто така ги водеше и Беране, Слобода Тузла, Сутјеска Никшиќ и Ел Џаиш.