Од Зоолошка градина Скопје денеска на нивниот фејсбук-профил соопштија дека се родило бебе – двогрба камила.
„За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела
Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе“, наведоа од Зоолошка градина Скопје.
Во текот на изминатата недела во Зоолошката градина се родија и лама и лемур.