Поранешната пејачката и мејк ап стилистка, Зои Блаж, и нејзиниот избраник, словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ, стапија во брак на 9 јули.
Зои и Тадеј се во врска седум години.
Убавата невеста за најсреќниот ден облекла две венчаници.
Во првиот дел од свадбената церемонија, Зои носела раскошна венчаница, а во вториот дел, облекла едноставна, но елегантна кратка венчаница. Тадеј, во чекор со својата сакана, носел крем костум.
Според објавените фотографии на инстаграм-стори на Зои, се гледа дека невестата изгледала прекрасно.
Веселбата се одржа во парк ресторанот „Гиновци“ во близина на Крива Паланка.
Инаку, Тадеј сега игра во Германија.
ФОТО: Инстаграм