More

    „Змија од небо“ паднала врз жената и ја нападнала, а потоа се појавил јастреб…

    spot_img

    Длабоки исекотини од канџи, скршени очила и голем стрес се резултат на неочекуван настан за жена која мирно си го косела дворот.

    Пеги Џонс (64) и нејзиниот сопруг имале намера да го искористат топлиот летен ден на 25 јули за да ја искосат тревата околу нивниот имот во Силсби, Тексас.

    Додека нејзиниот сопруг косел трева пред куќата, во дворот зад куќата и паднала змија од небо на рака, јавува РТС.

    Жената инстинктивно се обидела да ја оттргне од неа, но змијата се обвила околу подлактицата и почнала да ја напаѓа, обидувајќи се да и го гризне лицето.

    Еден миг подоцна, еден јастреб се нафрли врз нив и ги потона канџите во раката на г-ѓа Џонс за да ја зграпчи змијата што уште повеќе ја стегаше нејзината рака.

    Тепачката траела кратко, јастребот ја влечел змијата, но и раката на жената додека во еден момент успеал да и ја откине од раката.

    Со раскрвавени раце и скршени очила од ударот на змијата во лицето, г-ѓа Џонс истрча до нејзиниот сопруг кој подоцна рече дека е во тотална хистерика и некохерентно се обидува да објасни што штотуку и се случило.

    Веднаш ја однел во болница каде и ги санирале повредите и ја оставиле да преноќи под лекарски надзор, бидејќи не било јасно дали ја нападнало отровно животно и дали е каснато.

    Кога се смирила, Пеги Џонс се обидела да го реконструира настанот. Се сетила дека видела јастреб како зграпчува змија од земја, што не било невообичаено за неа бидејќи и претходно ја видела на имотот.

    Претпоставува дека змијата ја испуштил од клунот додека ја прелетал бидејќи во дворот нема дрва од кои змијата може да падне.

    Опишувајќи го настанот пред новинар на CBS, таа рече дека во еден момент мислела дека ќе умре и го повикала Исус да и помогне.

    Две недели подоцна, нејзината рака е сè уште во завои и Пеги Џонс вели дека очекувала раните побрзо да зараснат.

    „Никогаш не сум имала проблем со спиењето, но во овие две недели спиев можеби вкупно седум или осум часа“, рече таа, додавајќи дека дури и тогаш се буди во паника.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img