More

    Златото ќе достигне рекордно високa цена од 3.000 долари за унца следната година благодарение на растот на побарувачката на  централните банки и намалувањето на каматните стапки во САД

    spot_img

    Златото ќе достигне рекордно високa цена од 3.000 долари за унца следната година благодарение на  растот на побарувачката на  централните банки и намалувањето на каматните стапки во САД, предвидува Голдман Сакс  (Goldman Sachs).

    Според банката златото е една од најперспективните стоки за тргување во 2025 година бидејќи неговата цена може да продолжи да расте за време на претседателствувањето на Доналд Трамп.

    – Оди на злато – велат аналитичарите повторувајќи ја целта од 3.000 долари за унца до декември 2025 година.

    Според аналитичарите двигател на оваа прогноза е посилната побарувачка од централните банки, додека цикличниот стимул ќе дојде од приливите во фондовите со кои се тргува на берзата, додека Федералните резерви (ФЕД) ги намалуваат каматните стапки.

    Златото постигна силен успех оваа година постигнувајќи рекорди пред да се повлече веднаш по изборната победа на Трамп, што го поскапи доларот.

    Растот на овој благороден метал беше поддржан од зголемените набавки од официјалниот сектор и промената на Федералните резерви кон порелаксирана монетарна политика. Последната цена на златото беше околу 2.584 долари за унца, откако минатиот месец достигна врв над 2.790 долари.

    Голдман Сакс очекува администрацијата на Трамп може дополнително да му помогне на златото.

    -Невидена ескалација на трговските тензии може да го оживее шпекулативното позиционирање на златото – велат тие.

    Дополнително, зголемената загриженост за фискалната одржливост на САД, исто така, може да ги поддржи цените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img