Златен прстен на Тупак продаден за милион долари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Прстен во облик на круна од злато, со рубини и дијаманти, што рап-легендата Тупак Шакур го носел на неговото последно јавно појавување, беше продаден за милион долари на аукција во Њујорк вчера.

Победничката понуда беше многу над проценката на „Сотби’с“ пред продажба што се движеше меѓу 200.000 и 300.000 долари. Со ова, предметот стана највредниот хип-хоп артефакт некогаш продаден, соопшти аукциската куќа.

Тупак го носеше прстенот на Ем-ти-ви видеомузичките награди на 4 септември 1996 година. Раперот од Њујорк, САД, беше застрелан од неидентификуван напаѓач во пукање од автомобил во Лас Вегас девет дена подоцна, на 13 септември. Тој имаше 25 години.

Раперот сам го дизајнирал прстенот во тек на неколку месеци, се вели во описот. А, неговата кума Јасмин Фула го ставила ова парче накит на наддавање.

По шест месеци од убиството на Шакур беше убиен и друг рапер од Источниот брег – Кристофер „Ноториоус БИГ“ Валас. Многумина веруваат дека биле убиени како дел од непријателството меѓу музичките рап-брендови, „Дет роу“ (Death Row) со седиште во Лос Анџелес и „Бед бој ентертејнмент“ (Bad Boy Entertainment) од Њујорк. Но, некои музички историчари велат дека тој „јаз меѓу Западниот и Источниот брег“ е преувеличен од комерцијални причини.

Инаку, минатата недела Полицискиот оддел на Лас Вегас изврши претрес на домот на Дуејн Кит Дејвис, поради можна поврзаност со убиството на Тупак.

Share This Article