Зибери затекнал нечовечки услови во затворот „Идризово“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сѐ уште се присутни проблемите поврзани со прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во коишто се сместени затворениците, изјави на денешната прес-конференција народниот правобранител Насер Зибери кој на новинарите им покажа и фотографии од условите во затворот во Идризово.

– Во најголемиот затвор во државава, КПУ/КПД Идризово, во таканареченото затворено одделение во најголемиот дел дел од просториите не се почитуваат Европските затворски правила, според кои како минимален стандард за сместување лица лишени од слобода се налагаат четири метри квадратни индивидуален простор во заедничко домување, или шест метри квадратни во самостојно домување – истакна Зибери.

Тој посочи дека во КПУ/КПД Идризово затегкнал просторија со површина од 14 метри квадратни во која биле сместени 15 осудени лица, од кои 6 лица спиеле на душеци на подот, а останатите на кревети од четири ката.

– Во друга просторија од 21,5 метри квадратни беа сместени 11 осудени лица, додека во трета просторија во истото крило, во простоија од 19,4 метри квадратни беа сместени 10 осудени лица – истакна Зибери и додаде дека и во т.н. четврто крило биле сместени 124 затвореници од кои 36 спиеле на душеци на подот во ходникот и користеле заеднички тоалет.

Загрижувачка била состојбата и во т.н. Амбуланта во затворот, каде што биле сместени вкупно 96 осудени лица, односно, 114 лица заедно со т.н. старечко одделение.

– Во една од просториите со 15 метри квадратни беа сместени 13 осудени лица, а од сместените осуденици се доби информација дека спијат по двајца истовремено во еден кревет или на смени и на земја – истакна Зибери и посочи дека осудениците се пожалиле на нефунционирање на бањите и честиот недостиг на топла вода.

Share This Article