Жителите на Картерадос на Санторини не можеле да им веруваат на своите очи кога го виделе силниот ветер како ја крева и превртува куќата на соседите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Жителите на Картерадос на Санторини не можеле да им веруваат на своите очи кога го виделе силниот ветер како ја крева и превртува куќата на соседите.

Како што може да се види на видеото кое беше објавено на ТикТок, на тој простор се формираше своевидно торнадо кое ја преврте куќата.

Како што изјавија за Прототема очевидците кои ја снимија неверојатната сцена, куќата била празна и за среќа немало жртви во овој инцидент.

Да потсетиме, Грција со денови е под влијание на невремето „Елиас“ кое во средата наврна на Грција исто толку дожд колку што вообичаено паѓа за неколку месеци во таа земја и предизвика поплави кои доведоа до блокирање на патишта и затворањето на училиштата.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис им нареди на службите за итни случаи и војската да помогнат во поставувањето на одбрана од поплави во северниот регион на Тесалија и другите најтешко погодени региони. Грчките пожарникари соопштија дека евакуирале повеќе од 3.000 луѓе меѓу вторникот и средата.

 

Share This Article