Жителите на Картерадос на Санторини не можеле да им веруваат на своите очи кога го виделе силниот ветер како ја крева и превртува куќата на соседите.
Како што може да се види на видеото кое беше објавено на ТикТок, на тој простор се формираше своевидно торнадо кое ја преврте куќата.
Како што изјавија за Прототема очевидците кои ја снимија неверојатната сцена, куќата била празна и за среќа немало жртви во овој инцидент.
Да потсетиме, Грција со денови е под влијание на невремето „Елиас“ кое во средата наврна на Грција исто толку дожд колку што вообичаено паѓа за неколку месеци во таа земја и предизвика поплави кои доведоа до блокирање на патишта и затворањето на училиштата.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис им нареди на службите за итни случаи и војската да помогнат во поставувањето на одбрана од поплави во северниот регион на Тесалија и другите најтешко погодени региони. Грчките пожарникари соопштија дека евакуирале повеќе од 3.000 луѓе меѓу вторникот и средата.