Напаѓачот Урош Б. уште како мал врзувал и убивал кучиња, возел трактори и мотори со „ненормална“ брзина, а татко му Радиша(55) му средил за да не оди во затвор, тврдат жители од селото Дубона каде се случи масакрот на 4 мај. Тие за српска Нова велат дека освен таткото требало да биде уапсена и мајката на Урош, „ако ништо друго поради воспитувањето на својот син“.
Еден од познаниците на семејството вели дека едно време, кога бил малолетник, Урош Б. бил крајно арогантен, па затоа пред две години намерно со мотор удрил полицаец кој се обидел да го запре во Младеновац.
– Знаеш кој го договорил да не оди во затвор? Татко му. Правеше што сакаше, а тато му ги решаваше проблемите. И на училиште правел проблеми, па кога му се заканувале дека ќе ѝ се јават на мајка му, тој со насмевка се потсмевал и коментирал: „Не мора мама, ќе дојде вујко ми да ти објасни сѐ – вели еден од жителите.
Осомничениот Урош Б, според жителите на Дубона, често правел проблеми, а го познаваат и по тепачки.
– Тој претепа и постар жител од 70 години затоа што немаше контрола врз себеси, мислел дека е непобедлив, бестрашен. Така е воспитан. Истиот став го имаат и неговите родители. Па, на 10 години врзуваше кучиња и ги убиваше со пиштол. Тогаш сите го знаеја тоа, а никој не реагираше, тоа не беше детска игра, се гледаше дека не е нормален. Татко му зборуваше за тоа со насмевка, раскажуваше и се гордееше со глупоста на неговиот син – вели жител на Дубона.
На прашањето дали е вистина дека мештаните бараат семејството да се исели од селото, нашите соговорници велат дека се шпекулира за такво нешто, но дека се уште не е иницирано.
– Ние секако прво ќе потпишеме. Верувајте, јасно зборуваме во селото, нема веќе страв, дека злото мора да се исели од Дубона. Немаат нормален живот затоа што и нам ни го негираа. Системот пропадна, општеството пропадна, но родителите се виновни и сите сме согласни. Треба да се избркаат од Србија, затоа што кога ќе ги видиме мајка му и брат му во село, верувајте, сите се нервираме, нè лутат, ни ги убил нашите невини деца од разврат – велат мештаните.
Таткото на убиецот од Младеновац имал арсенал во куќата: полицијата пронашла стотици куршуми, експлозивна направа и пиштоли. Тој беше уапсен синоќа. Се сомничи дека неовластено изработувал, поседувал и тргувал со оружје и со распрскувачки материи.
На информативен разговор беа приведени и мајката, снаата и братот на Уроша Б, по што се пуштени на слобода.