More

    Житарките поевтинија, додека шеќерот, маслото и путерот поскапеа

    spot_img

    Глобалните цени на маслото за јадење, млекото и неговите производи, како и шеќерот во јуни забележаа раст, додека цената на житарките забележаа намалување, а на месото останаа непроменети во однос на мај, соопшти Организацијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

    Според ФАО, реперот за светските цени на прехранбените производи беше непроменет во јуни, бидејќи зголемувањето на меѓународните квоти за растителни масла, шеќер и млечни производи го неутрализираа намалувањето на цените за житариците.

    Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени во меѓународните цени на збир на глобално тргувани прехранбени производи, во јуни изнесуваше во просек 120,6 поени, исто како и неговата ревидирана бројка за мај.

    Индексот сега е за 2,5 отсто понизок од неговата вредност од претходната година и 24,8 % под својот врв во март 2022 година.

    Цените на житарките, според индексот на ФАО се намалија за 3,0% во јуни во однос на мај,  делумно поттикнати од подобрените производствени изгледи во големите земји извознички. ФАО предвидува дека производството на пченица во Азија, особено во Пакистан, ќе го  надмине очекуваниот пад во Руската Федерација поради лошото време во главните области каде што се произведува пченица.

    Спротивно на тоа, глобалните цени на растително масло се зголемија за 3,1% во однос на мај, што беше поттикнао од оживувањето на глобалната увозна побарувачка за палмово масло и од секторот за биогориво во Америка за соја и сончогледово масло.

    За 1,9% пораснаа и цените на шеќерот, по три последователни месечни падови, во голем дел поради загриженоста за веројатното влијание на неповолните временски услови и монсуните врз производството во Бразил и Индија.

    Светските цени на  млечните производи, според ФАО – индексот во јуни се зголемени за 1,2% во однос на мај, при што на путерот достигнаа највисоко ниво во последните 24 месеци како резултат на зголемената глобална побарувачка за краткорочни испораки во услови на силна продажба на мало, сезонски пад на испораките на млеко во Западна Европа и ниски залихи во Океанија .

    Индексот на цените на месото на ФАО беше практично непроменет во јуни, бидејќи благите зголемувања на светските цени на овчо, свинско и говедско месо речиси го неутрализираа падот на меѓународните цени на месото од живина предизвикан од понудата.

    „Конфликтите генерираат сериозни нивоа на акутна несигурност во храната, особено во Појасот Газа, Јемен и Судан, каде населението исто така се соочува со ризик од глад“, се вели во најновиот извештај за изгледите на културите и состојбата со храната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img