Незапирливо расте бројот на загинати во конфликтот меѓу Хамас и Израел, кој започна во саботата. Продолжуваат судирите на неколку локации во близина на Појасот Газа. Израелската армија тврди дека нападнала повеќе од илјада цели. Портпаролот на израелските одбранбени сили во неделата изјави дека ова е „убедливо најлошиот ден во историјата на Израел“.