More

    Жестока расправа за ревизорскиот извештај на Клиниката за онкологија

    spot_img

    По наодите на ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија директорите не дале забелешки, што значи дека стојат зад истите и ги потврдуваат, а во самиот извештај има низа неправилности во работата на Онкологија – рече пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледуваше ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија.

    Осврнувајќи се на ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија, Мизрахи упати низа прашања до државниот ревизор Максим Ацевски.

    – Колку вработени се распоредени на работни места според правилникот за систематизација, колку од истите не се во согласност со систематизацијата, дали има вработени на Клиниката со несоодветно образование, дали вработените земаат помали или поголеми плати кои се согласно колективниот договор или не се. Исто така дали е разгледана систематизацијата на Клиниката – праша Мизрахи.

    Мизрахи постави прашања и во врска со набавката на лекови за малигните болни кои се лекуваат на Клиниката за онкологија.

    – Набавката на лекови би требало да го прави стручен колегиум, во планот кај стручниот колегиум треба да има заклучоци кои одат до Фондот за здравствено осигурување, што содржеше планот на Клиниката до ФЗО и кој го доставил, потпишал планот доставен до ФЗО, бидејќи согласно наодите на Државна ревизија на Клиниката немало стручен колегиум, прашање е дали и воопшто постоел – го праша Мизрахи ревизорот Ацевски.

    Мизрахи укажа дека и констатацијата на ревизијата дека се земани, набавувани лекови на реверс без јавна набавка само по себе е кривично дело.

    Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во расправата на седницата на Комисијата за финансирање и буџет за ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија рече дека во рамки на Клиниката има еден организиран систем на криминални активности за препродавање на лекови.

    – Ревизорскиот извештај е направен професионално и може да се види нефункционалноста на системот во една институција. Во рамки на Клиниката за онкологија има еден организиран систем кој служи на криминални активности за препродавање на лекови и е претворена во еден концентрационен логор – рече Стојаноски.

    Осврнувајќи се на презентираниот извештај од главниот државен ревизор Максим Ацевски Стојаноски посочи на неправилностите во работата на Клиниката, поточно на менаџментот кој ја водел.

    – Внатре во оваа институција можеби се менувале менаџментите, но тој инсталиран систем за лично богатење и убиство, буквално убиство на пациентите бил организиран на многу повеќе од 7 лица за коишто во моментов не известија дека се води истрага. Затоа што тоа не е завршено заклучно со денот во којшто излезе овој случај, туку тоа сè уште трае секојдневно и во моментов додека седиме тука оваа организирана криминална банда којашто убивала луѓе за профит сè уште продолжува да работи затоа што никој од нив не е оддалечен и има можност да ги прикрие доказите и да влијае на сведоците – рече Стојаноски.

    Тој информираше дека на седницата бил повикан и јавниот обвинител Љубомир Јовевски кој не се појави.

    – Требаше да дојде зошто има многу работи кои требаше да ни ги објасни – рече Стојаноски.

    Споре ревизорскиот извештај, рече пратеникот, има низа неправилности во работата на Онкологија или неусогласени податоци.

    – Во извештајот на ревизијата може да се види неповолно мислење во однос на финансиските извештаи кои биле во одговорност на директорите или на медицинскиот, Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухиу – рече Стојаноски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img