Жестока дебата на пратеничките прашања за коридорите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Зошто договорот со „Бехтел и Енка“ се крие од очите на јавноста, дали Македонија ќе плати пенали од 53 милиони евра, и дали некој ќе понесе одговорност за коридорите 8 и 10д, праша опозицијата, и побара одговори од власта на пратеничките прашања во парламентот.

Пратеникот Бојан Стојановски освен до премиерот, му се обрати и на вицепремиерот Артан Груби кој е и координатор за овој договор и му рече дека за овој документ прв ќе оди во затвор.

– За вакви договори и закони ќе има одговорност – вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Стојаноски посочи дека поднесениот Закон за експропријација има два спорни члена, член 2 каде веднаш во владение се предава имотот подложен на експропријација и без одлуката да стане правосилна, а во членот 3 каде се израмнува статусот на легалните и бесправно изградените објекти.

– Јавноста треба да знае дека на овој начин исто ќе се обесштетуваат и легалните и нелегалните градби. Според она што го кажаа владините функционери 45% од трасата ќе поминува на приватен имот, доколку се знае каде поминува тоа значи дека во наредниот период може да има наплив на дивоградби и согласно предложениот закон да добијат обесштетување како легалните кои платиле давачки и извадиле дозвола – рече тој.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека добар дел од колачот ќе го лапнат фирмите од странство, а во меѓувреме ќе се експлоатираат сите работници со 60 работни часа неделно.

Во репликата до Тренчевска тој појасни дека по години стои колку работници ќе бидат вработени домашни а колку странски работници, а истакна и дека ќе има одговорност за ова.

– Груби затоа што многу се буни нека одговори кој и зошто предложил закон спротивно на одлука на уставен суд и се согласил да плати големи казни. Ти ќе бидеш првиот што ќе оди во затвор. За вакви договори и ваков закон нема да има милост и ќе има одговорност за сите што го случиле овој договор, да се плаќаат пенали со народни пари за некој а се богати – рече тој.

Share This Article