More

    Жесток притисок врз критичарите на Израел

    spot_img

    Низ универзитетите на САД, во политичките кулоари, на работните места и на социјалните мрежи се забележуваат силни и огорчени реакции кон оние кои го осудуваат Израел за терористичките напади на Хамас викендов во кои загинаа стотици невини.

    Некои групи и лица кои ја симпатизираат палестинската кауза индиректно го обвинуваат Израел за овие напади, наведувајќи дека политиката на земјата не им оставила ништо друго на Палестинците туку да применат насилство. Коментарите се појавуваат и деновиве откако се дозна дека Хамас извршил злосторства и грозоморни убиства на деца, жени и стари лица, во населбите во близина на границата со појасот Газа.

    Многу од овие изјави беа пресретнати со жесток отпор од различни страни, вклучувајќи и еврејски групи и декани на универзитети. Повеќе директори на компании исто така влегоа во жешката дебата, некои дури повикаа дека нема да вработуваат студенти кои вината за нападот ја фрлаат врз Израел.

    Некои прогресивни политичари и левичарски студентски организации ги повлекоа изјавите дека еврејската држава е виновна за насилството што започна викендов или ги отстранија нивните имиња од петиции што го осудуваат Израел.

    Напнатата атмосфера ги фати во небрано и такви индивидуи како претседателката на Харвард Клаудин Геј, или демократската претставничка во Конгресот Александрија Окасио-Кортез, и многу студенти од американските колеџи кои вината за условите што довеле до нападите ја насочуваат кон Израел.

    Така на пример, адвокатската фирма „Винстон и Штрон“ повлече понуда за работа на приправник кој студира на правниот факултет на Универзитет Њујорк откако студентот објавил статија во весник дека „Израел е целосно одговорен за овие страшни човечки загуби“.

    – Коментарите се во продлабочен конфликт со вредностите на фирмата „Винстон и Штрон“. Соодветно, фирмата ја повлече понудата за работа на студентот по право – изјавија од оваа фирмата.

    САД се еден од најголемите сојузници и заштитници на Израел, но кога се работи за израелско-палестинскиот конфликт во општеството постои јаз меѓу прогресивните демократи кои се критичари на израелската политика и третманот на Палестинците, и умерените демократи и републиканците.

    Некои од овие групи и левичарски здруженија критички настроени кон Израел поради неуспехот да се постигнат сеопфатни права за Палестинците, ја споредуваат оваа земја со апартхејд. Жестоката реторика во изминатите години придонесе до подем на антисемитизмот во универзитетските кампуси.

    Гај, претседателката на Харвард, беше искритикуван за задоцнетата осуда на Хамас. Силна осудата од неа дојде два дена откако во саботата студентски групи од кампусот како Комитетот за солидарност со Палестина излегоа со изјави и петиции дека „Израел и неговиот режим на апартхејд е виновен за нападите“, што се „реакција на неговите рестриктивни политики кон Газа“.

    Веднаш потоа, 17 судентски организации 500 професори и вработени и повеќе од 3.000 алумни и студенти потпишаа изјава нарекувајќи ја изјавата на Комитетот за солидарност „целосно неточна и длабоко навредлива“.

    Алекс Муреј од Фндацијата за индивидуални права и изразување изјави дека универзитетите сè почесто започнале да коменираат околу политички прашање за време на пандемијата и по убиството на Џорџ Флојд во 2020 година. Ваквите ангажмани ги надминаа очекувањата и ги оставија високообразовните институции „заробени во круг да треба да се изјаснаат за сè и ако нема што да кажат е исто како да кажале нешто“.

    Многу компани одлучија да не се мешаат во дебатата за Израел и Хамас. Мајкрософт испрати за тоа интерни пораки до вработените, за разлика од изјавите што ги даде кога Русија ја нападна Украина.

    Израелско-палестинската војна се прелеа и на улиците на Њујорк и во градовите како Вашингтон, Атланта или Чикаго, при што имаше судири меѓу поддржувачите на Израел и оние кои ја симпатизираа Палестина.

    Стотици учествуваа на митинг на Тајмс сквер организиран од невладината организација Демократски социјалисти на Америка при што еврејската држава беше обвинета за нападите. Групата на социјалните мрежи постираше дека настаните „се директен резултат на режимот на апартхејд на Израел, режим кој прима милијарди долари финансирање од САД“. Со оваа НВО поврзана е Окасио-Кортез. По демонстрациите завчера, и откако беше прозвана на социјалните мрежи, таа се дистанцираше од настанот.

    – Нема да биде тешко да се запрат омразата и антисемитизмот, таму каде што ги гледаме – изјави таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img