More

    Жесток напад на Киев среде ноќ

    spot_img

    Властите на украинскиот главен град Киев ги повикаа жителите во засолништа во петокот рано наутро, еден ден по еден од најголемите руски воздушни напади од почетокот на војната во февруари, а според гувернерот на регионот Киев, во тек е напад со беспилотни летала.Предупредувањето до граѓаните градските власти во Киев го соопштија нешто по два часот преку нивниот канал на апликацијата Телеграм, додека низ градот одекнуваа сирени.

    Гувернерот на Киевската област Олексиј Кулеба на Телеграм изјави дека е во тек напад со дрон.

    Сведок за Ројтерс изјави дека слушнал неколку експлозии и ехо од противвоздушен оган на 20 километри јужно од Киев.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот на социјалните мрежи изјави дека воздушните сили низ Украина тој ден собориле 54 руски ракети и 11 беспилотни летала.

    Тој призна дека во четвртокот вечерта, повеќето региони во Украина беа погодени од прекини на електрична енергија по новото руско гранатирање, кое повторно беше насочено кон енергетската инфраструктура.

    „Вечерва снема струја во поголемиот дел од Украина. „Особено е тешко во регионот на Киев и во самиот главен град, во регионот на Лавов, во Одеса, Херсон и неговата околина, во Виница и Закарпатија“, рече тој.

    Русија во четвртокот истрела десетици проектили кон Украина, погодувајќи ги Киев, Лавов и Одеса на запад и други градови низ земјата, во еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img