More

    Жешкиот асфалт во Пекинг донесе и нова мода: „Фацекини“ стана најбараната стока

    spot_img

    Во жешкиот Пекинг, во согласност со температурните (не)прилики, жителите приспособуваат и модни детали, па едно од најбараните парчиња облека деновиве во тој град е таканареченото „фацекини“, односно капа со прекривка за лице.

    Со оглед на тоа што живата се искачи над 35, па дури и до 80 степени Целзиусови во некои делови од земјата, локалното население и туристите почнаа да носат преносни вентилатори и да се покриваат за да ги избегнат непријатните ефекти од изложувањето на сонце и високите температури. Некои капи имаат дури и вградени вентилатори, пишува Reuters.

    Посебно популарни станаа фејкини, маска за целото лице со отвори за очите и носот, ракави за покривање на рацете, како и капи со широк обод и лесни јакни од ткаенина отпорна на УВ.

    „Во споредба со онаа пред пандемијата, пред две-три години, оваа година е многу, многу подобра од претходните години. Обемот на продажбата дефинитивно е многу зголемен оваа година“, изјави задоволна продавачка, која се претстави како Ванг.

    Многу потрошувачи во Источна Азија претпочитаат светла кожа, а производите за заштита од сонце се популарни и во соседните земји како Јужна Кореја.

    „Главната грижа што ја имам се потенцијалните кожни болести или дамките од сонце“, рече 17-годишната студентка Ли Ксујан, која носеше маски за целото лице со нејзината мајка кога посетија туристичка област во Пекинг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img